Над 1.000 луѓе ќе скокат по крстот во Охридското Езеро на Водици

Од:

Охрид ги кани верниците и сите граѓани во земјата за да го посетат македонскиот духовен центар за празникот Водици, кој и оваа година ќе биде одбележан со масовно капење во осветените води на Охридското Езеро.

Се очекува по светиот крст да скокаат над 1.000 млади од земјава, но и од странство, а организаторите на манифестацијата очекуваат за претстојниот празник Охрид да го посетат голем број туристи, кои ќе имаат можност да го следат и обидот на охриѓани за уривање на Гинисовиот рекорд во подготвување рибина чорба, објави Телма.

Денес Водици во Охрид се одбележува свечено во присуство на илјадници верници. Во чест на празникот наскоро кај градското пристаниште ќе биде подигнато и спомен обележје, кое го донира минатогодишниот кум Ванчо Чифлиганец.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид