Нацоски во Рим: „Орелски крилја как да си метнех“

Од:

„Орелски крилја как да си метнех“, oва  е  насловот на концертот што вечерва,  македонскиот тенор Благој Нацоски ќе го одржи во катедралата Санти Апостоли во Рим.

На репертоар се дела од македонските композитори Живко Фирфов, Трајко Прокопиев, Благој Цанев, Сотир Голабовски, Александар Џамбазов, Томислав Зогравски, Дарија Андоновска и Димитрије Бужаровски. Нацоски на пијано ќе биде придружуван од маестро Алесандро Д’ Агостини од Италија.

За Нацоски ова е трет концерт на кој изведува дела од македонски композитори.

Македонија како мала земја, која нема музичко творештво долго петстотини години, стои  во писмената изјава, не е лесно да се пробие на тој план во светот.

„ Затоа мислам дека ние, уметниците кои настапуваме на светските сцени можеме да помогнеме македонските композитори да заземат место во светската музичка литература. Она што јас се трудам е и моите странски колеги да почнат да изведуваат наши дела“, вели  Нацоски.

Концертот во Рим е организиран со финансиска поддршка од македонското Министерство за култура и е еден од проектите кои се од национален интерес за културата на Македонија во 2012 година.

На 12 ноември излезе во продажба ЦД-то за операта „Ромео и Јулија“ од Шарл Гуно, која македонскиот тенор прв пат ја изведе годинава во февруари, заедно со славниот Андреа Бочели. Ова е прво ЦД на Нацоски за дискографската куќа „ДЕКА“, а вкупно петто дискографско издание во неговата кариера.

Уживајте во прекрасниот глас на Благој Нацоски.

Би можело да ве интересира

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Италија: Романски тинејџер е застрелан на метро станица во предградието на Рим

(ВИДЕО) Експлозија во Рим: Тројца извлечени од под урнатините

Во Рим ротвајлер падна од третиот кат врз трудница

Предраг Петровиќ

Наезда на стаорци околу римскиот Колосеум

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка