Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам ја од одржа својата прва седница со новиот состав

Од:

Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам денеска ја одржа првата седница на новиот состав со која претседаваше националниот координатор Златко Апостолоски.

На седницата, покрај другите членови на комитетот, присуствуваа и заменикот на националниот координатор за спречување на насилен екстремизам, Џеладин Ајвази и заменикот на националниот координатор за борба против тероризам, Златко Арсов, беа презентирани досегашните активности, како и приоритетите во работата на членовите на комитетот во тековниот мандат.

На седницата беше констатирано дека успешното остварување на задачите на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, како и досега, се остваруваат во конструктивна соработка помеѓу државните институции и другите општествени чинители, невладиниот сектор и меѓународните организации кои се постојани партнери на ова тело на полето на спречувањето на насилен екстремизам и борба против тероризам.

Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам е формиран во 2017 година како координативно тело, за следење и анализирање на состојбата со превенцијата на насилниот екстремизам и борбата против тероризам и за координирање на активностите на надлежните институции кои работат на решавање на проблемите во оваа област. Во комитетот членуваат претставници од дваесет и две институции на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Балканот во страв од експлозија – 5.000 локации, 10 месеци во грч

Поранешниот пакистански премиер обвинет за тероризам

А1он

Во терористички напад во Сомалија загинаа најмалку 48 лица, меѓу кои и пратеничка

А1он

Најмалку три лица загинаа во израелскиот град Бершеба

А1он

Осомничениот за терористичките напади во Париз во 2015 години тврди дека не убил никого

А1он

Министерството за правда на САД формира единица против домашниот тероризам

А1он