Национална акција за чистење на отпадот во Штип

Од:

Денеска во населба „Осми Ноември“, Штип се одржа национална акција за чистење на отпадот во пресрет на Светскиот ден на чистење. Во оваа акција беа вклучени претставници од основните и средните училишта во Штип, претставници од Црвен Крст и од други невладините организации и граѓански здруженија.

За реализација на националната акција за чистење на отпадот, поддршка дадоа повеќе владини и невладини институции, како: Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за локална самоуправа, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за здравство, Дирекција за заштита и спасување, Црвен Крст, Го Грин, Агенција за млади и спорт, Центар за управување со кризи, ЗЕЛС и слично.

Цел на националната акција за чистење на отпадот е да се подигне свеста кај нашите сограѓани за правилно справување со отпадот, како и да се развијат механизми за поддршка на граѓаните, општините и други засегнати страни за подобро и полесно да се справат со неорганизирано и незаконско фрлање на отпад во нивните средини.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му