Началникот на ГШ на шпанските вооружени сили, Гарсија Санчез во посета на АРМ

Од:

Во дводневна официјална посета на Република Македонија и АРМ денеска ќе престојува делегација на вооружените сили (ВС) на Кралството Шпанија, предводена од началникот на Генералштабот на ВС  генерал адмирал Фернандо Гарсија Санчез.

Делегацијата во ГШ на АРМ  ќе има средба со началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески и со државниот секретар во Министерството за  одбрана, Сашо Стефаноски.

Ова е прва официјална посета на АРМ од страна на еден Началник на ГШ на ВС на Кралството Шпанија, на која покрај унапредувањето на билатералната воена соработка, ќе се разговара и за искуствата на АРМ од учеството во мисиите предводени од НАТО и ЕУ и за трансформацијата на АРМ.

Билатералната соработка на полето на одбраната со Кралството Шпанија официјално е воспоставена во октомври 2009 година, со потпишување Меморандум за соработка помеѓу министерствата за одбрана. Во изминативе две години, соработката на АРМ со ВС на Кралството Шпанија се одвива на полето на военото образование и јазичната обука, обуката на клучни специјалности пред упатување во мисијата ИСАФ во Авганистан, како и обука за проверка на воздухопловни радионавигациски уреди.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски

АРМ се поднови со 29 лесни оклопни возила

Левица: Одбиени без причина: Конкурс за 60 офицери, а решение за 29, останатите – жртви на партиски пазарења

Хегсет предупредува на непосредна закана од Кина, побара поголеми трошоци за одбрана

Шпанија e под притисок: Мора да троши повеќе на одбрана