Началникот на ГШ на АРМ Котески на средба со заменик-гувернерот на Вермонт Фил Скот

Од:

Во рамки на повеќедневната посета на САД, началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, вчера во Монтпелиер, во сојузната држава на САД Вермонт, заедно со својот домаќин командантот на Националната Гарда на Вермонт генерал-мајор Стивен Креј имаа средба со заменик-гувернерот на Вермонт Фил Скот.

Како што денеска соопшти МО, ти ги посетија и националниот парламент и Центарот за менаџмент со кризи на оваа сојузна држава.

На средбата со заменик-гувернерот било потврдено стратегиското партнерство со Вермонт, а била истакната и можноста од проширување на соработката помеѓу Република Македонија и Вермонт и во други сфери како образованието, здравството, економијата и друго.

Потврдено е од двете армии дека сите капацитети со кои располагаат се ставаат на користење за вежби, заедничка обука и образование на припадници на АРМ и Националната Гарда на Вермонт, со цел подготовка на постоечките единици и капацитети за евентуално идно заедничко распоредување во пост ИСАФ мисијата во Авганистан.

Посетата на началникот на ГШ на АРМ продолжува утре во Вашингтон каде ќе има средби со началникот на здружениот Генералштаб на САД генерал Мартин Демпси, со помошникот државен секретар на САД Филип Рикер, со заменик помошникот на секретарот за одбрана Евелин Фаркаш, како и со директорот на Националната Гарда на САД.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он