Началникот на ГШ на АРМ Котески го посети гарнизонот Штип

Од:

Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески денеска изврши обиколка на единиците во гарнизонот Штип.

Котески ги информира припадниците на АРМ за актуелната состојба во Армијата и за наредните планови и задачи. Воедно се сретна со клучниот персонал кој имаше можност да праша за проблеми поврзани со функционирањето на службата, во делот на нормативно-правната природа и се друго што е од интерес на припадниците на гарнизонот.

Началникот на Генералштабот направи обиколка на касарната „Јане Сандански“ по што констатира дека нејзиното функционирање и уреденоста се на потребното ниво и дека условите во кои се наоѓа, овозможуваат нормално одвивање на животот и работата.

За време на престојот во касарната, Котески оствари средба и со градоначалникот на општина Штип Илчо Захариев на која беше разгледана соработката со локалната самоуправа, која, беше оценето, се движи во нагорна линија. Захариев искажа подготвеност за унапредување на соработката со АРМ, низ директно вклучување на општината во проекти за подобрување на условите за живот и работа во гарнизонот.

Генерал-потполковник Котески во гарнизонот Штип беше придружуван од командантот на ЗОК генерал мајор Методија Величковски, командантот на 1.механизирана пешадиска бригада, бригаден генерал Павле Арсоски, дел од началниците на секции од ГШ на АРМ  и командантот на гарнизонот Штип.

Посетата на касарната „Јане Сандански“ беше во рамки на планот за обиколка на гарнизоните на АРМ, чија реализација почна минатата недела со посетата на  Здружената оперативна команда (ЗОК) во гарнизонот Куманово, а со кој е планирано до крајот на месец ноември да ги посети сите гарнизони во АРМ.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он