Началникот на Генералштабот Котевски ќе издејствува задолжителен воен рок?

Од:

Началникот на Генералштабот на АРМ, генералот Горанчо Котевски, преку шефот на државата, Ѓорѓе Иванов е на пат да издејствува политичка согласност за редовниот воен рок пак да стане дел од армиската структура, јави телевизијата Алфа.

Дел од генералите и врвот на Министерството за одбрана се против оваа идеја, со образложение дека активирање на воениот рок е враќање назад во реформите, затоа што НАТО сугерира да постои мала и професионална армија.

Тие предупредиле дека наместо да се вработат 1.000 војници за плата, колку што недостасува во армискиот строј, началникот сака местата да ги пополни со регрути.

Началникот на Генералштабот на АРМ, смета дека со задолжителното служење воен рок ќе се намалат трошоците и несуштинските позиции во армијата, како кујна, стража, магацини, кои би ги покривале регрутите.

Инаку, големите касарни во Куманово, Струмица, Битола, како и останатите, веќе се напуштени, а во Законот за одбрана се избришани членовите кои се однесуваат на редовниот воен рок.
Задолжителното служење воен рок беше прекинато пред десетина години.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он