Нацева Фуштиќ: Нема никаква опасност од детето кое има варичела

Од:

Директорката на Детската клиника Стојка Нацева- Фуштиќ потврди дека кај нив е примено 17-годишно момче кое има овчи сипаници.

Нацева-Фуштиќ во изјава за МИА вели дека нема никаква опасност од детето бидејќи тоа е изолирано и има протоколи по кои се работи.

– Станува збор за дете со церебрална парализа, неподвижно, на респираторна поддршка беше цел месец ипол на интензивна, пуштено е пред неколку дена, доаѓа тука со тешко дишење, интубирано е, сместено е на Одделот пулмологија во посебна контактна изолација. Таму се работи со посебна сестра, која носи заштитна опрема и мантил и маска, визер, ракавици. Има протоколи по кои се работи, нагласи Нацева-Фуштиќ.

Таа појасни дека се работи за 17 – годишник со 15 килограми и апелираше да се почитува приватноста на пациентите и да се внимава при пренесување на информации во јавноста.

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова ги посети децата на детските клиники во Скопје

Мастербет донираше близу 400 новогодишни пакетчиња за хуманитарните активности на Црвениот крст

Болничко образование за деца кои се лекуваат од канцер, ако има потреба ќе има домашна нстава за повредените во „Пулс“

Катерина Ѓуровски

На Детската клиника во Скопје е донесено мртво машко бебе

Болницата „Козле“ е без вода, децата ќе одат по други клиники

Катерина Ѓуровски

Мајката се породила дома, мртво новороденче донесено на Детска клиника

Катерина Ѓуровски