Набљудувачи на Националниот Ромски центар ќе ги следат изборите

Од:

Националниот Ромски центар (НРЦ) вчера во Куманово органиизраше средба со припадниците на ромската етничка заедница насловена „Ваши минути за дискусија-Ромите на политичката сцена во Македонија“, на која беа презентирани активностите кои се реализираат пред, за време и после изборите, по што граѓаните имаа можност да поставуваат прашања и да дискутираат.

Плаформата „MIRO VOTO – MIRO BARIPE“ или „Мојот глас -моја одговорност“ кoja е составена од ромски здруженија  информира дека ке биде дел од регистрирани набљудувачи на изборниот процес, согласно правилникот и процедурите на ДИК, со цел како што рече, Ашмет Елезовски од НРЦ, враќање на слободата на одлучување за иднината на сите Роми во Македонија. На трибината, Ромите имаа можност да слушнат дека никој друг освен самите гласачи по сопствено убедување можат да гласаат, дека никој нема право да ги манипулира и да го злоупотреби нивниот глас.

– Трибината во Куманово само покажа дека треба да излеземе во поголем процент на денот на гласањето и со тоа да дадеме придонес за развој на оваа држава, бидејќи друга држава Ромите, како и останатте граѓани, немаат. Особено ми беше чест што на дебатата во Куманово присуствуваа млади луѓе, дел од нив прв пат ќе гласаат и се надевам дека оваа ќе се отслика и ќе се рефлектира кај постарите генерации, изјави Елезовски.
Тој изрази задоволство од соработката со ДИК и добивањето на акредитацијата и посочи дека ќе дејствуваат во оние места каде е застапена ромската популација, иако, се отворени за соработка со која било друга етничка заедница.
 
– Се надеваме на фер и демокртаски избори во РМ, рече Елезовски. Одговарајќи на новинарско прашање, Елезовски додаде дека нерегуларностите можат да се пријават кај нивните набљудувачи и да се обратат во централната канцеларија на НРЦ, лоцирана во Куманово.
 
За следење на изборите во НРЦ се пријавиле 120 набљудувачи, а се очекува за време на викендот да се пријават дополнителни 20-тина. Платформата ќе биде присутна  во сите шест изборни единици претежно во места каде што што во поголем процент живее и гласа ромско население.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза