Набавки во четири очи за 5,8 милиони евра државни пари

Од:
Во четири очи во период од 3 месеци се реализирани набавки во вредност од 5,8 милиони евра.

Поништени се дури 30% од тендерите на државните институции додека во 60% од нив немало повеќе од двајца понудувачи.

Во извештајот од мониторингот на јавните набавки на Центарот за граѓански комуникации, утврдено е дека во 45% од тендерските постапки не се применува задолжителната електронска аукција.

Слабости се констатирани и во изборот на понудите и тендерски документации како и тешките критериуми за исполнување.

Во овој период бизнисмените се пожалиле дека државните институции фаворизираат дел од фирмите. Со што се загрозува основната цел на тендерите – за потрошените буџетски пари да се добие најдобрата вредност.

Од Центарот за граѓански комуникации апелираат „надлежните институции да воспостават отворен дијалог со бизнис-секторот за надминување на констатираните проблеми и за прилагодување на системот на јавни набавки кон потребите и на договорните органи и на фирмите“.

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата

Рокас: Конечно сериозен пристап во справувањето со корупцијата

Левица: Бараме казни за корупцијата, а не прикриени амнестии за функционерите

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Вториот вработен во фирмата со тендри од девет милиони евра поврзан со УБК на Мијалков и уништувањето на опремата, објави СДСМ