На возрасните над 67 и младите до 18 години им е дозволено движење од 5 до 19 часот

Од:

Сите граѓани имаат дозволено движење од 5 до 19 часот, вклучително и лицата над 67 години, како и децата и младите до 18 години кои досега, покрај забраната од 19 до 5 часот, имаа ограничувања и во одделени периоди од денот.

Измените и дополнувања на Одлуката за ограничување на движењето во вонредна состојба Владата ги усвои откако Уставниот суд вчера на седница го укина посебниот режим на движење за овие две возразни категории.

Како што соопшти владината прес-служба, Владата на вчерашната седница донесе и дополнување на Уредбата за носење лична заштита заради спречување на ширењето на коронавирусот, со тоа што се проширува вршењето надзор врз спроведувањето на оваа мерка и овластувања добиваат и Државниот комунален инспекторат, општинските комунални инспектори и комуналните редари.

Би можело да ве интересира

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски

Ревизорите алармираат: Владата плаќа скапи возила на лизинг без вистинска конкуренција

Владата ги испраќа кандидатите за јавен обвинител до Советот на јавни обвинители

Влада: Средбата со УПОЗ е закажана за четврток, не знаеме кого чекал Трендафилов