На Воениот стадион отворена изложба на средства и опрема на АРМ

Од:

Поголем дел од материјално-техничките средства, борбени возила на Армијата на Република Македонија, како и борбениот хеликоптер Ми-24, дел од Воздухопловната бригада на АРМ се меѓу опремата која е прикажана на тактичко-техничкиот збор што се организира на Воениот стадион во Скопје, како дел од одбележувањето на Денот на Армијата на Република Македонија – 18 Август.

– Ова е можност сите граѓани да се запознаат со она што го поседува Армијата, но и да видат како се чува опремата и какво е нивото на обученост на лицата кои ракуваат со оваа опрема, која, преку буџетот, се купува со нивни средства, посочи министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, кој заедно со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески, ја отворија попладнево изложбата на опрема и средства.

Министерот Џафери, воедно ги повика граѓаните да го посетат Воениот стадион и да се запознаат со сета прикажана опрема, која е дел од Армијата на Република Македонија.

Тактичко-техничкиот збор за јавноста ќе биде отворен утре во периодот од 10.00 до 19.00 часот.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он