Од денеска во функција е ставена група на „Вибер“ каде што граѓаните ќе можат да добиваат информации за коронавирусот.
„За точно и навремено информирање на граѓаните со официјални и проверени информации поврзани со справувањето со коронавирусот, Владата отвори нов информациски канал на популарната апликација за дигитални комуникации „Вибер“. Првиот владин комуникациски канал на „Вибер“ (Viber Community) може да се најде под името „Коронавирус МК Koronavirus“, соопштуваат од Владата.
Секој граѓанин може да се приклучи на каналот на следниот линк.