На улиците во Битола фрлени 40 тони сол и ризла

Од:

авното комунално претпријатие „Нискоградба“-Битола, задолжено за реализација на програмата за чистење и одржување на улиците на подрачјето на општина Битола во зимски услови, ноќеска и утрово на сообраќајниците во градот фрлиле околу 40 тони сол и ризла.

Од ЈКП „Нискоградба“-Битола информираат дека подготвени го дочекале снежниот бран, а според дирекротот на претпријатието Методи Силјановски, потврда за тоа се исчистените главни сообраќајници во градот.

– Нашите екипи постојано се на терен. Исчистени се сите улици од прв приоритет, исчистени се сите приоди кон објектите со висок интерес како што се Клиничка болница, детски градинки, училишта…Во текот на ноќта и утрово ја вклучивме целата механизација, камиони посипувачи, 6 поголеми и помали багери, „боб-кет“ машини, а во руралните средини се чисти со неколку трактори, од камиончиња со приколка се фрла сол и ризла, а се интервенира и на друг начин ако помошта е неопходно потребна, посочи Силјановски.

Локалниот комунален сервис ЈКП „Нискоградба“-Битола во текот на денот ќе ги чисти и другите улици и сообраќајници во градот и околината, и апелираат возачите да соработуваат со комуналните екипи, да не ги паркираат или оставаат возилата на улица, а граѓаните чистејќи го снегот истиот да не го фрлаат на сообраќајниците.

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот