На УКИМ почнува пријавувањето за упис за 2014/2015

Од:

На најстариот и најголем универзизтет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) денеска и утре ќе се спроведе пријавување во првиот уписен рок за додипломски студии во академската 2014/2015 година.

Слободни се вкупно 10.048 места, од кои за редовни студенти во државна квота 5.771 места, за редовни со кофинансирање на студиите слободни се 3.267 и за вонредни студенти 1.010 места.

Резултатите од пријавувањето и успехот во средно образование ќе бидат објавени на 19 август, а запишувањето на кандидатите ќе биде на 25-ти и 26 август.

Вториот уписен рок на УКИМ ќе биде на  3 септември, а третиот рок (на факултетите на кои ќе има слободни места)  е на 16 септември.

Пријавувањето во првиот рок денеска и утре е и на Универзитетот за информатички науки и технологија „Св. Апостол Павле“ – Охрид, а вчера почна на универзитетите „Св. Климент Охридски“ – Битола и „Гоце Делчев“ – Штип.

На Државниот универзитет во Тетово пријавувањето во првиот уписен рок ќе се реализира идната седмица, од 19-ти до 22 август.

На сите пет државни универзитети слободни се вкупно 24.121 места за идни студенти. Тие што ќе се запишат во државната квота ќе плаќаат по 200 евра, односно 100 евра на дисперзираните студии, а кофинансирањето и цената за вонредни студенти е 400 евра.

Би можело да ве интересира

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Биљана Ангелова резбрана за ректорка на УКИМ

Горан Наумовски

ФИНКИ ќе ги добие двете недовршени згради кај Ректоратот на УКИМ

Катерина Ѓуровски

Студенти од ФЛУ Скопје дел од меѓународна изложба во Сараево

А1он

Доделена годишната Награда на најдобрите научници и уметник на УКИМ за постигнати врвни резултати во 2024 година

На Скопскиот универзитет започнаа уписите за слободни над 9.700 места за бруцоши