На Табановце запленети 1,7 килограми хероин

Од:

На граничниот премин Табановце запленети се околу 1,7 килограми хероин со што е пресечен меѓународен канал за недозволена трговија со дрога на релација од Македонија со Австрија.

Дрогата е пронајдена во личниот багаж на 26-годишниот М.Ј. од Скопје. Скриена била во две најлонски кеси сместени во црн куфер, во специјално направена преграда. По извршеното тестирање од страна на царинските службеници утврдено е дека прашкастата материја реагирала на тестерите за наркотичка дрога хероин. Кесите со дрога се предадени на вештачење во Одделот за криминалистичка техника при МВР.

Вредноста на запленетата дрога на нарко пазарот при улична продажба се проценува дека би достигнала цена над 150 илјади евра.

Од спроведената истрага утврдена е инволвираност и на друго лице кое во моментот не е достапно и по него се трага.

Поднесена е кривична пријава против двете лица поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”.

Во текот на денешниот ден осомничениот ќе биде изнесен пред истражен судија, а Одделението за недозволена трговија со дрога презема дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Царина: Oткриени 580 парчиња куршуми во автобус, двајца осомничени лишени од слобода

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ