На „Табановце“ за влез во државата се чека околу 45 минути

Од:

Поради зголемена фреквенција на возила на Граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 45 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Од 15 до 30 минути се чека на „Богородица“ за излез од земјава

На „Табановце“ се чека до 40 минути, на „Богородица“ околу 30 минути

ВИДЕО: Продолжен викенд, крај на одморите, пред почеток на училишната година – гужви на границите

На „Табановце“ и „Блаце“ за излез од државата се чека до еден час

Горан Наумовски

МВР уапси возач од Шведска на „Табановце“ – возел 175 км на час каде што е дозволено 80

А1он

Зголемен интензитет на сообраќајот, се чека и до 40 минути на „Табановце“