На Табановце за влез и излез од државата се чека околу 30 минути

Од:

На Граничниот премин Табановце за влез и излез од државата се чека околу 30 минути. На другите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

-Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, се наведува во соопштението.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Викендов на „Табановце“ во земјава влегоа над 36.000 македонски државјани

А1он

На „Дојран“ и „Табановце“ чекање до 40 минути, магла на Ѓавато и Пресека

Горан Наумовски

На граничните премини Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути

Србин преку „Табановце“ се обиде да пренесе 130 кг. марихуана сокриена во 14 патнички торби

Горан Наумовски

На Табановце и Блаце за влез и излез од државава се чека до 40 минути

Гужва на „Табановце“, се чека околу 30 минути