На „Табановце“ за излез од државава се чека околу 30 минути

Од:

На граничниот премин Табановце за излез од државава се чека околу 30 минути, соопшти попладнево Авто мото сојузот на Македонија.

На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ информираат дека поради пожар во Националниот парк „Јасен“, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје е затворен за секаков вид на возила.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

МВР уапси возач од Шведска на „Табановце“ – возел 175 км на час каде што е дозволено 80

А1он

Зголемен интензитет на сообраќајот, се чека и до 40 минути на „Табановце“

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

На Табановце се чека и до 40 минути за влез и излез од државава

А1он

Холанѓанец уапсен на „Табановце“ – возеше 168 км/ч на место каде е дозволено 80

А1он