На Табановце за излез од државата се чека до 45 минути

Од:

Зголемена фреквенција на возила се бележи на Граничниот премин Табановце, каде времето на чекање за излез од државата е од 30 до 45 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Иако собраќајот се одвива по суви коловози, АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Србин преку „Табановце“ се обиде да пренесе 130 кг. марихуана сокриена во 14 патнички торби

Горан Наумовски

На Табановце и Блаце за влез и излез од државава се чека до 40 минути

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

Гужва на „Табановце“, се чека околу 30 минути

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници