На Табановце за излез од државата се чека 30 до 45 минути

Од:

Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето на чекање за излез од државата е 30 до 45 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти вечерва АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Србин уапсен на Табановце, шверцувал папагали

Србин се обидел да влезе во Македонија со фалсификувани бугарски документи

А1он

Колони за влез во Грција и Србија: Се чека до 45 минути

А1он

„Долче и Габана“, „Версаче“, „Ралф Лoрен“ и „Најк“ – На Табановце спречен шверц на брендирани облека и обувки

Катерина Ѓуровски

На „Табановце“ се чека до 30 минути

Три простории изгореа во пожар во кумановското село Табановце