На Табановце спречен обид за криумчарење на 30 килограми тутун за наргиле

Од:

На 25 април, царинските службеници на граничниот премин Табановце на влез во државава спречија обид за криумчарење на 30 килограми ароматизиран тутун за наргиле.

Возилото со македонски регистарски таблички управувано од македонски државјанин поради основано сомневање е селектирано за детален преглед, при што се пронајдени 120 кутии по 250 гр ароматизиран тутун за наргиле, кои лицето не ги пријавило, известуваат од Царина.

Со ова е спречен обид на пуштање во промет акцизна стока за која е избегнато плаќање на давачки во износ од над 65 илјади денари.

Стоката е привремено задржана, а против лицето се поднесени соодветни пријави до надлежните институции, се додава во соопштението на Царина.

Би можело да ве интересира

Спречен обид за нелегално тргување со пиротехнички средства – запленети над 40 илјади парчиња петарди и огномети, кривична пријава за едно лице

Предраг Петровиќ

Мобилен царински тим спречи нелегална продажба на над 40.000 петарди и огномети

Николовски: Приходите од царина зголемени за 15,2 проценти

А1он

Димитриеска-Кочоска: Царинската управа во изминатата година јасно покажа дека може да биде сервис на државата, на граѓаните и на стопанството

Николовски: Царината за пет месеци поднесе 85 кривични пријави

(ВИДЕО) Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

Горан Наумовски