На Скопскиот аеродром пристигнаа 44 авганистански активисти со своите семејства

Од:

Денеска на Меѓународниот аеродром во Скопје пристигнаа 44 граѓани од Авганистан, односно од организацијата „Тиркиз моунтејн“ (Тurquoise Мountаin). Овие лица се активисти на оваа организација, но меѓу нив има и членови на нивните семејства.

“Организацијата „Тиркиз моунтејн“ е основана во 2006 година од принцот Чарлс со хумана мисија, која изминативе години имаше свои успешни активности во Авганистан.

Дополнително, оваа организација реставрираше повеќе од 150 историски објекти, третираше околу 165 илјади пациенти во клиниката во Кабул, отвори и поддржа повеќе од 50 мали бизниси во Авганистан, Мјанмар, и други активности.


Лицата ќе бидат привремено сместени во Скопје додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците и за оваа група ќе бидат целосно покриени од меѓународните организации.

По слетувањето предвидена е стандардна процедура, поддршка од Црвениот крст, безбедносна проверка и заштита, медицинска поддршка, ПЦР тест и можност за вакцина“, велат од Владата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан