На скопскиот аеродром фатен турски државјанин со лажен ПЦР тест

Од:

Турски државјанин со лажен ПЦР тест се обидел да излезе од државава преку скопскиот аеродром.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против државјанин на Турција, осомничен дека сторил кривично дело – Фалсификување исправа.

Обвинетиот 32-годишник, на 17 февруари на Меѓународниот аеродром – Скопје, при пријава за излез од државава, употребил ПЦР тест. На сертификатот стоело дека е издаден од една лабораторија во Скопје, иако обвинетиот знаел дека воопшто не се тестирал.

При проверка службите утврдиле дека таа лабораторија не го издала сертификатот, односно дека сертификатот е фалсификуван.​

Би можело да ве интересира

Кривични пријави за две лица кои приложиле лажни ПЦР тестови на Скопскиот аеродром

А1он

Отсега и за излез од Македонија ќе биде потребен ПЦР тест или вакцина за оние кои немаат прележано Ковид-19

А1он

Задолжителен седумдневен карантин и ПЦР-тест за влез о Грција

Брзи антиген тестови на Меѓународниот Аеродром Скопје

Катерина Павлова-Николовска

Србија од четврток го укинува задолжителниот ПЦР тест за македонски државјани

Ана Ололовска

За влез во Црна Гора веќе не е задолжителен ПЦР тест

Жарко Настоски