На порталот „Република“ по грешка објавена инструкција како да се напише текст против Заев

Од:

Инструкција за да се објави вест против СДСМ по грешка беше објавена на порталот „Република“. Со латинична поддршка, пред крајот на текстот насловен како „СДСМ во паника: Тргнато видеото на кое се слуша како Заев договара паѓање на судски случај на порталот“ пишуваше: „Направете една вест дека СДСМ во паника го бутна видеото каде се гледа како Заев договара паѓање на судски случај“. Оваа реченица подоцна беше избришана.

Текстот беше објавен откако првпат од почетокот на предизборниот период во кој се објавуваат разговори од функционери на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, избришан е тонски запис прикачен на „Јутуб“. Станува збор за разговор во кој се слушаше лидерот на СДСМ, Зоран Заев како зборува за предметите на СЈО.

Слични наслови имаше и на порталите „Курир“ и „Нетпрес“ кои објавија: „СДСМ го ‘бутна’ видеото на кое се слушаат скандалозни изјави на Заев“ и „СДСМ го избриша видеото од Јутјуб каде се слуша како Заев договара паѓање на судски случаи (ВИДЕО)“.

Иако порталот „Република“ во насловот вели дека видеото е тргнато бидејќи СДСМ е во паника, па поради тоа поголем дел од граѓаните нема да можат да слушнат што говори Заев, во друга објава, покрај отстранетото видео од „Јутуб“ има линк до снимката која е објавена и на „Фејсбук“. Во текстот нема информација околу тоа кој го избришал разговорот, како и зошто го сторил тоа.

Порталите „Курир“ и „Нетпрес“ тврдат дека видеото го избришале од партијата СДСМ, а во текстот на „Курир“, се споменува и извесна паника која ја има во насловот на „Република“.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски