На Попова Шапка утрово најстудено, температурата денеска до 12 степени

Од:

Најстудено утрово е на Попова Шапка, -2 степена, а минусни температури има во Битола и Берово -1 степен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Нула степени се измерени во Крива Паланка, Тетово, Крушево, Лазарополе и Маврови Анови, 1 степен во Демир Капија и Виница, 2 во Скопје – Зајчев Рид, Прилеп, Велес, Штип, Кавадарци и Струмица, 3 степени во Скопје Петровец, Претор и Гевгелија и 4 степени во Охрид.

УХМР известува дека во Струмица до 7 часот утрово се измерени 2 литри воден талог на квадратен метар во изминатите 24 часа.

На Попова Шапка се измерени 30 сантиметри снежна покривка, 3 см во Маврови Анови и 2 см во Берово.

По одделни котлини претпладне ќе има појава на магла.

Преку денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во планинските региони со услови за појава на слаб краткотраен дожд.

Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.

– Во Скопје претпладне во делови од котлината со појава на магла, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 12 степени, соопшти УХМР.

Би можело да ве интересира

Зимска идила на Попова Шапка со 74 сантиметри снег

Ледено утро во Берово, снежна идила на Попова Шапка

Денеска студено утро со минусни температури, попладне до 14 степени

Дански скијач извлечен од лавина на Попова Шапка

Катерина Ѓуровски

Најстудено на Попова Шапка, но и во Битола и Крива Паланка

Горан Наумовски

Денеска студено и сончево, минималната температура – 8, максималната 6