Утрово најстудено беше во Берово, Лазарополе и Попова Шапка со измерени минус 2 степени Целзиусови. Во Маврови Анови минус 1, нула во Крива Паланка, Битола, 1 Претор, Тетово, Струмица, Охрид, Штип, 2 Куманово, Kрушево, Велес, Демир Капија, Прилеп, 3 Кавадарци, Гевгелија, 4 Виница, 5 Скопје-Зајчев Рид, соопшти УХМР.
Како што соопшти УХМР, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 24 степени.
