На Попова Шапка најстудено со – 5 степени, најмногу снег во Берово 22 сантиметри

Од:

Најниска темпратура утрово е измерена во на Попова Шапка – 5 степени. Во Маврови Анови се измерени -3, во Крушево -2, во Берово -1, во Охрид, Претор и Прилеп 0 степени, во Тетово, Битола, Дебар и Крива Паланка 1, во Струмица и Виница 2, во Скопје-Зајчев Рид, Куманово и Штип 3, во Скопје-Петровец, Велес, Демир Капија и Кавадарци 4 и во Гевгелија 5 степени.

Најмногу снег има во Берово 22 сантиметри, во Маврови Анови и на Попова Шапка 10, во Крушево седум и во Претор еден сантиметар. Најмногу дожд наврнало во Струмица 32 л/м2, во Берово 31, во Крушево 26…

Времето денеска ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи, кои во западните и јужните делови ќе бидат поројни и обилни (над 50 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег од 40 до 50 см, на повисоките места од 10 до 30 см, а во некои пониски места од дожд и снег и ќе се формира помала снежна покривка. Во југоисточните делови ќе бидат само од дожд. Ќе дува умерен, а на планините силен северен ветер. Максималната температура ќе достигне од 2 до 6 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег, а на околните планини од снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој краткотрајно ќе засилува. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Определен притвор од 30 дена за возачот на камион кој удри во патничко возило и усмрти четворица

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ

Филипче: Синдикалната кошничка е 69.000 денари, три минимални плати се потребни

Предраг Петровиќ