На Пониква се продаваат 23 плацеви за викендички

Од:

Општина Кочани ја интензивира продажбата на градежни парцели за изградба на викенд куќи во Спортско рекреативниот центар Пониква на Осоговските планини во кочанскиот дел. Со оглас за отуѓување на државно градежно земјиште општина Кочани нуди 23 плацеви за викенд куќи на Пониква, со површина од 650 метри квадратни.

– Општината се определи до крајот на годината да продаде значително поголем број на плацеви одошто тоа беше практика во изминатите месеци. Освен плацевите за викенд куќи на Пониква се продава уште еден плац од околу 6.000 метри квадратни, наменет за изградба на хотел, изјави Петар Апостолов, секретар на општина Кочани. 
 
Општината, истакна Апсоотолов, нуди за продажба и 45 плацеви од кои 18 се предвидени за изградба на куќи, два за домување и мало стопанство. Преостанатите парцели се наменети за лесна индустрија и мало стопанство со површина од 1.200 метри квадратни.
 
Пријавувањето за учество на лицитацијата за продажба на сите плацеви трае до 24 ноември, а наддавањето ќе се одржи од 30 ноември до 9 декември, информираат од општина Кочани.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза