На Пониква манифестацијата „Осогово – и лично и различно“

Од:

Македонското еколошко друштво (МЕД) денеска, на Пониква,  на Осоговски Планини, ја организираше манифестацијата „Осогово – и лично и различно 3“. Поводот на овој настан е да се истакне значењето на буковите шуми на Осоговските Планини, а воедно и промоција на целиот Осоговски регион.

– Ова е трета по ред манифестација  за промоција на Осогово, организирана од повеќе организации, а под координација на Македонското еколошко друштво. Учествуваа 150 деца од училиштата од регионот, граѓани и други заинтересирани лица вљубеници во природата. Во рамките на овој настан беа реализирани повеќе активности пред сè, промовирање и прошетка по новопоставената едукативна патека во букова шума, поставување информативни табли на неколку локации долж патеката, споделување дополнителен информативен материјал и промовирање на едукативниот пакет подготвен за училиштата, изјави Деспина Китановска од МЕД.

Манифестацијата „Осогово–и лично и различно“ се  реализира во соработка со општините Кочани и Пробиштип, Шумското стопанство Кочани, како и претставници од невладините организации: Зелени патеки од Пробиштип,  Електрика, ВК Поскок, и ПСД Осогово од Кочани, асоцијацијата Слоу фуд Осогово, Центарот за карпеста уметност од Кратово, а зедоа учество и поединци занаетчии, претставници од угостителските објекти кои работат  на Пониква, нудејќи спецјалитети од Осоговскиот крај. 

Би можело да ве интересира

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

САД продолжуваат со работата за еколошки и дипломатски решенија за поздрава планета

А1он

Бугарија и Албанија почнаа примена на договорот за еколошка соработка

А1он

Еколошки активисти блокираа четири моста во Лондон

А1он

Анализа на Грин тенк: На Западен Балкан му е потребен Фонд за фер транзиција кон зелена енергија

А1он

Худолин: Зелениот договор треба да биде вклучен во секоја сфера

А1он