На подрачјето на Скопје вчера девет сообраќајки

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди.

Од нив, две се со последица материјална штета и седум се со последица телесна повреда во кои со полесни телесни повреди се здобиле шест возачи на патничко моторно возило и шест сопатници.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште две незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.

Во рамките на сообраќајно воспитните акции денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ЦОУ „Александар Рутаревски“ кое се наоѓа во населеното место Сандево и во подрачното Основно училиште во населено место Блаце со учениците од второ и трето одделение.

За денеска има најава за два вонредни настани. На националната арена „Филип Македонски“ ќе се одржи натпревар помеѓу Вардар и Пелистер од Битола. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот. Политичката партија ДПА ќе организира предизборен митинг.

Истиот ќе се одржи во 19 часот на плоштадот „Скендер бег“. Со цел овозможување на безбеден и уреден сообраќај ќе бидат преземени мерки за сообраќајно обезбедување. Во зависност од моменталните состојби сообраќајот ќе биде пренасочен од бул. „Гоце Делчев“ од крстосницата со бул. „Крсте Мисирков“ до крстосницата со бул. „Илинден“ и бул. „ВМРО“ во непосредна близина на Владата на РМ, како и по ул. „Филип Втори Македонски“ од крстосницата со ул. „Кеј 13 Ноември“ пред х. „Холидеј ин“.

Би можело да ве интересира

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски

Голема несреќа во Сеул: Автобус удри пешаци, 13 лица се повредени, двајца се тешка здравствена состојба

Горан Наумовски

МВР: 18-годишник кој е во бегство ја прегази жената во скопската населба Капиштец