На паркинзите во Центар поставени сандачиња за предлози и поплаки од граѓани

Од:

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“- Скопје постави сандачиња на сите паркомати кои се во сопственост на претпријатието каде што граѓаните ќе можат да остават предлози, поплаки и пофалби.

„Граѓаните секогаш треба да бидат вклучени во процесот на одлучување за начинот на кој функционираат јавните претпријатија и да бидат прашани за проблемите со кои тие се соочуваат. Затоа ги повикуваме сите корисници на нашите паркиралишта да ги остават своите предлози и поплаки во сандачиња кои се поставени на нашите паркомати”, изјави директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски.

До сандачињата ќе има формулар за прашања, сугестии и поплаки кадешто граѓаните во писмена форма ќе можат да го изразат нивното мислење за работата на претпријатието. ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе формира посебна комисија која еднаш неделно ќе ги разгледува сите пристигнати поплаки, пофалби и сугестии и ќе постапува согласно надлежностите. ЈП ПОЦ се надева дека овој потег ќе придонесе кон подобрување на квалитетот на работата на претпријатието со цел да се добијат услуги кои ќе бидат целосно ориентирани кон граѓаните.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски