Во организација на Едриличарски клуб „Бофор“, Едриличарска федерација на Македонија и Агенцијата за млади и спорт утре на Охридското Езеро ќе се биде отворена традиционалната Илинденска едриличарска регата.
Учесниците на тридневниот, 46-ти по ред едричичарски куп, ќе се натпреваруваат во сите предвидени класи за овој спорт, а најдобрите ќе се закитат со „Златна маска“.
Илинденската едриличарска регата е една од најмасовните спортски манифестации во Македонија.