На одбележување на стогодишнината на Противпожарниот дом во Штип упадна поранешен пожарникар

Од:

Штипските пожарникари денеска со смотра ја одбележаа стогодишнината од постоењето на Противпожарниот дом. По тој повод градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов на прес-конференцијата најави дека по зголемување на платите на штипските пожарникари, добивање на работна противпожарна опрема ќе следи наскоро и пристигнување на ново противпожарно возило.

На прес-конференцијата упадна поранешниот пожарникар Александар Ѓеорѓиевски, кој побара одговори на три суштински прашања за него, зошто се уште му нема одговорено на двете барања за враќање на работното место пожарникар, а платата да ја донира во хуманитарни цели, дали локалната власт знае во каква лоша состојба е противпожарниот дом и со каква опрема пожарникарите излегуваат на терен.

Штипскиот градоначалник со одговор дека одговорите на неговите барања за враќање во противпожарниот дом ќе ги добие наскоро, а неговиот кабинет барањата ги одговара по приритет. Посочи дека знае во каква состојба е домот, но со неговото доаѓа на оваа функција прво се реши платата на пожарникарите, која со години беше проблем Најави дека хуманитарната работа на Ѓеорѓиевски ќе добие поддршка преку штипскиот Солидарен фонд. Разговорот заврши со ракување.

Командирот на ТППЕ-Штип, Тони Атанасов на прес-конференцијата истакна дека лани во вореме на карантинските месеци намален е бројот на интервенции на територијата на општините Штип и Карбинци.

Би можело да ве интересира

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“

Кривична за пироман од Штип: Изгореа делови од две куќи, гаража, шума…

Четворица од обвинетите за убиството на турски државјанин во Штип остануваат во притвор, судењето закажано на 27 ноември

И го искршил черепот, ја исекол на делови и трупот го закопал во двор – детали за убиството во Штип