На новинарите не им беше дозволено да ја следат дисциплинската постапка за инспекторот Илиевски

Од:

Валерија Анастасова, претседателката на дисциплинската комисија, која треба да расправа за постапката со инспекторот Ѓорѓи Илиевски, пред почетокот на седницата на новинарите им рече дека не им е дозволено да присуствуваат на седницата.

„Присуство на новинарите не е дозволно“, рече Анастасова.

На прашање зошто новинарите се непожелни на седницата, Анастасова рече дека требало претходно да бидат најавени.

Откако новинарите и’ појаснија дека сега во моментот се најавуваат, поради тоа што инспекторот инсистира на јавност, Анастасова упорно повторуваше дека присуството на медиумите на седницата е недозволено и дека лице задолжено за јавност ќе дало изјава по седницата.

Портпаролот на излегување праша кој ги пуштил новинарите во зградата, кога ќе имало изјава по завршувањето на седницата.

Дисциплинската постапка е закажана откако инспекторот Илиевски објави дека незаконски биле унапредени јавни функционери во наставно-научни звања на Државниот универзитет во Тетово (Арбер Адеми, Агим Нухиу, Сафет Емрули).

Постапката ја покрена Африм Саљиу, раководител на секторот за високо образование, а дисциплинската постапка за утврдување дисциплинска одговорност е испратена со потпис на директорот на ДПИ, Томе Спировски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев

Левица: Оставката на Ристовска не е личен чин туку признание по изнесените скандали од страна на Левица

Горан Наумовски

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на ДКСК

Горан Наумовски

Левица: Ристовска врши тортура врз вработените во ДКСК

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Левица: Повеќе од еден месец молк од антикорупциска за тендерските шеми на Томовски – дали и овие докази се „изгубија“ во октоподските пипци?