На Мијалков му одредија датум од кога ќе почне да преспива во струшкиот затвор

Од:

За 17 дена, Сашо Мијалков ќе треба да се пријави во затворот во Струга кој е од отворен тип, за издржување на казната затвор во траење од три години. Охридскиот суд вчера го доби предметот, а веќе денеска, изработи и упатен акт за ексдиректорот на УБК кој се пресели во Охрид, истиот ден кога се спогоди и призна вина во „Империја“. Тој на 8-ми август, треба да отпочне со издржување на казната.

Со оглед дека станува збор за затвор од отворен тип, но и тоа што Мијалков е вработен и работно ангажиран, тој во установата ќе ги поминува само ноќите, односно ќе преспива. Преку текот на денот, тој може да оди на работа. Викендите пак, доколку дозволи директорот на затворот, може да ги зема за слободни и наместо во ќелија, да биде на слобода. Со оглед дека станува за затвор од отворен тип, Мијалков има право и на годишен одмор, како привилегија која му се овозможува.

Доколку Мијалков не ја сменеше адрсата, ќе требаше казната да ја издржува во затворот во Шутка, според висината на казната. Од скопски Капиштец, тој се сели во Охрид. Приложил и валидна адреса, по што барањето му било одобрено. Предметот „Империја“ исто така допатувал во охридскиот Основен суд. Од МВР, посочуваат дека промената на живеалиште е направена согласно законот.

Во затворот во Струга, казна издржуваше и Зоран Милески-Кичеец осуден за „Рекет“, а со промена на адреса, за „Империја“ издржува и бизнисменот Орце Камчев.

Сашо Мијалков има и неправосилни пресуди за „Трезор“ однсоно набавката на британска опрема за следење на електронската комуникација за УБК од осум години затвор и 12 години затвор за „Таргет-тврдина“ односно масовното нелегално прислушкување во Македонија. Тоа се вкупно 20 години затвор. Двете пресуди се пред скопска Апелација, а за нив нема да има одлука пред судската ферија односно пред септември.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски

Небиу: Вработените се мета на вознемирување и заплашување, поради обидите да го продадат конфискуваниот имот на Мијалков