На местото на сапунарата ќе се гради зграда како „Флатирон“ во Њујорк

Од:

На локацијата на поранешаната фабрика за сапуни „Цветан Димов“ во Скопје ќе никне елитен објект како познатата зграда „Флатирон“ во Њујорк изградена во 1902 година.

На парцелата од 4.400 метри квадатни ќе се изгради објект од 16 ката кој ќе содржи деловен простор и 14 нивоа станови.

Државното земјиштето го купи пред еден месец градежната компанија „Адора инженеринг“ на лицитација за 2,2 милиони евра, а почетната цена беше 308 илјади евра.

Ванчо Чифлиганец сопственикот на компанијата вели дека изградбата ќе почне во 2016 година, треба да заврши за 18 месеци, а вкупната инвестиција е 40 милиони евра.

– Ќе изградиме елитен објект на почетокот на општина Кисела Вода кој ќе личи на зградата од Њујорк која е изградена во 1902 година само што ќе бие сеизмички постабилна и енергетски ефикасна, рече Чифлиганец посочувајќи дека засега не се знае како ќе се нарекува зградата, но можно е да биде Порта Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом