На Меџитлија запленети 175 илјади евра

Од:

Царинските службеници од граничниот премин Меџитлија спречиле грчки државјанин нелегално во Република Македонија да внесе 175 илјади евра.

На влез во Република Македонија вчера на „Меџитлија“ пристигнало лице, грчки државјанин, сопатник во патничко моторно возило со грчки регистарски таблички. На прашање на царинскиот службеник дали има нешто да пријави, патникот со иницијали Ц.И. (66) изјавил дека освен личен багаж, облека и околу 1.000 евра во готово, нема ништо друго да декларира.

Како што денеска соопшти Царинската управа, поради сомневање во изјавата, извршен е детален личен преглед на патникот, при што покрај пријавените 1.040 евра во џебот од панталоните, во неговата ташна пронајдени се и непријавени 6.800 евра и 179.533 евра во чекови.

Согласно Законот за девизно работење, нерезиденти можат слободно да внесат девизни средства во противвредност на 10 илјади евра, па според тоа 1.040 евра во готово и 9.000 евра во чекови му се вратени, додека останатите 6.800 евра во готово и 170.533 евра во чекови се одземени.

Против лицето е поведена прекршочна постапка.

Би можело да ве интересира

Царина поднесе кривична за доктор и медицинска сестра кои криумчареа ботокс

А1он

Златен накит вреден 1,1 милиони денари е запленет на „Богородица“

(ВИДЕО) Цариниците запленија златен накит вреден 1,5 милиони денари

Горан Наумовски

Цариниците најдоа злато скриено во чорапи на српско-црногорската граница

А1он

Фајненшл тајмс: Администрацијата на Трамп ќе воведе 100% царини за одредени лекови

Царина: Oткриени 580 парчиња куршуми во автобус, двајца осомничени лишени од слобода

А1он