На „Ленинова“ и „Максим Горки“ веќе нема паркирање со пораки, на тие места ќе паркираат жителите

Од:

Врз основа на пристигнатите петиции од жителите што живеат на улицата „Максим Горки“ и Здружението на станари за управување со паркинг-просторот Мал ринг, Советот на Општина Центар го усвои Заклучокот и ги задолжи општинските служби и ЈП Паркинзи на Општина Центар да постапат по барањата на жителите и решавањето на нивните проблеми со комерцијалното паркиралиште во овој реон.

„Општина Центар е општина што работи во интерес на своите жители и преку разни механизми ги исполнуваме барањата на граѓаните за да им овозможи подобар, безбеден и квалитетен начин на живот. Со овие измени ќе воведеме промени што ќе бидат приоритет за нашите жители и воедно ќе го регулираме масовното паркирање и ќе ги ослободиме паркинг местата“, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.

Поради долгогодишниот проблем со кои се соочуваат овие жители во Центар, во наредниот период општината ќе одговори позитивно на барањата на жителите и комерцијалното паркирање ќе биде заменето со резидентен паркинг, а истото ќе се имплементира и ќе започне постапка и на улиците „Ленинова“ и „Радњанска“. Јавноста дополнително ќе биде информирана за натамошните мерки што ќе ги преземат општината и ЈП Паркинзи на Општина Центар, велат од општината.

Би можело да ве интересира

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

Скопјанец со автомобил сакаше да повреди дечко и девојка од Италија, тврди Обвинителството

Тешка сообраќајка во центарот на Скопје: Повредени докторка и здравствен работник, повреден пациент почина во болница