На „Криволак“ изведена билатерална тактичка вежба со боеви гаѓања „Предизвик 2013“

Од:

Повеќе од 17 странски армии досега имаат вежбано на „Криволак“ и сите што еднаш дошле тука сакаат повторно да дојдат, а го промовираат „Криволак“ и пред своите партнери, по што полигонот добива во значење, истакна министерот за одбрана Талат Џафери на „Криволак“ каде што ја следеше вежбата „Предизвик 2013“.

– Самиот чин на гаѓање и погодување на замислените цели покажа дека двете страни добро си ја завршиле работа. Ова покажува исто така дека средствата за обука се трошат на вистинскиот начин како од Министерството, така и од Армијата, нагласи министерот.

На армискиот полигон „Криволак“ денеска беше реализирана билатерална тактичка вежба со боеви гаѓања „Предизвик 2013“, на која учествуваа претставници на армиите на Република Македонија и Република Словенија. Во присуство на голем број гости се изведе вежбата која е шеста по ред, а заедно ја изведуваат припадниците на противвоздушната одбрана на АРМ и на Вооружените сили на Република Словенија.

Билатералната соработка помеѓу двете армии е почната во ноември 2007 и се унапредува постојано. За успешната соработка голем придонес имаат министерствата и генералштабовите на двете земји.

Во рамки на вежбата беше реализирано боево гаѓање на цели, а водот за противвоздушна одбрана бранеше артилериска батерија која требаше да изврши марш и заземе огнена позиција во даден реон.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски

АРМ се поднови со 29 лесни оклопни возила

Левица: Одбиени без причина: Конкурс за 60 офицери, а решение за 29, останатите – жртви на партиски пазарења

Хегсет предупредува на непосредна закана од Кина, побара поголеми трошоци за одбрана

Шпанија e под притисок: Мора да троши повеќе на одбрана