На крадците во Охрид им поднесоа пријави па ги пуштија на слобода

Од:

Петчлената криминална група која во изминативе две недели во Охрид и Струга изврши серија тешки кражби се на слобода. Против ни се поднесени единствено кривични пријави. Како што дознава А1 станува збор за лица со дебело полициско досие кои се извршители на тешки кражби и на подрачјето на главниот град Скопје.

Поднесена е кривична пријави и истата е во постапка и го очекуваме исходот од поднесената пријава. Притвор не им е одреден, но им се одземени најголемиот дел од украдените предмети како што се парите и златните предмети кои им се вратени на сопствениците. А групата во изминативе две недели напрви вистински хаос низ централното градско подрачје во Охрид, и на паркингот кај плажата Горица трета но и во Струга.

Вредноста на украдената стока се проценува на околу 2000 евра. Од паркирани автомобили и од плажи, одземале пари, лап-топ компјутери, мобилни телефони, златен накит и други вредни предмети. Краеделе и по менувачници, бутици, цвеќарници и други деловни објекти.

Петчлената група, во „Оптика“ во Охрид лоцирана на улицата „Св.Климент“, со тупаница ја нападнале вработената, која се обидела да им се спротивстави во момент, кога тие ги одземале парите од дневниот промет во вкупен износ од 15.000 денари.

На истиот начин, пријавените влегле во бутик, цвеќара и продавница во Охрид, притоа одземајќи пари и други вредни предмети, во вредност од околу 30.000 денари, додека од златара во Струга, одзеле златен накит.

Лицата се на возраст од 20 до 23 години, а меѓу нив има и еден малолетник на 17 годишна возраст. Од полицијата ги повикуваат граѓаните да внимаваат каде се движат и каде ги оставаат своите лични работи.Од таму велат дека најголем дел од крадците се од Скопје, Припел и Битола и сосема мал дел од Охрид.

 

Би можело да ве интересира

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките