На Клиниката за гинекологија отворен лактариум за предвремено родени бебиња

Од:

На Клиниката за гинекологија и акушерство отворен е лактариум, каде мајките на предвремено родените бебиња може да се одмолзуваат и оставаат млеко за новороденчињата.

Лактариумот се наоѓа на Одделот за интензивна неонатална нега и терапија на новороденчиња и почнал да функционира од почетокот на овој месец, информира денеска директорката на Клиниката, Марија Хаџи Лега.

– Респектирајќи го значењето на мајчиното млеко од имунолошки, социјален и емоционален респект, Клиниката го отвори овој лактариум, со цел грижа на најранливите категории на новороденчиња. Во лактариумот постојат информации за сите мајки, кои имаат предврмено родено дете пред напуштање на Клиниката добиваат упатство како може да го остварат ова свое право. Да го експресираат млекото и на тој начин да овозможат многу поквалитетен живот, односно да ја намалат можноста за смртност и придружни заболувања кои се присутни кај предвремено родените. Функционира на принцип на закажување и одредување термини во кои мајките може да направат експресија на мајчино млеко, изјави Хаџи Лега.

За лактариумот, појасни дека е задолжен тим од неонатолози на Одделот за интензивна нега и терапија и медицински сестри, кои се грижат за мајките кои експресираат млеко во лактариумот, а работи во согласност со локални водичи израбтени од тимот кој го основал.

– Мајчиот млеко е најоптималната исхрана за секое новороденче без оглед на тоа дали станува збор за навремено или за предвремено родено. Претставува мошне богат имунолошки и нутративен продукт, кој има големо значење пред се во зајакнување на имунолошкиот статус на новороденчето, и натамошниот развој. Има студии, кои покажуваат дека мајчиното млеко има голема улога во подигање на коефициентот на инетлегенција, што значи дека овие дечиња се поемоционално стабилни, достигнува побрза зрелост пред се кај предвремено родените на сите органски системи во нив, истакна Хаџи Лега.

Би можело да ве интересира

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски