На Кејот на Вардар утрово повторен обид да се продолжи со изградба на улица

Од:

На Кејот на Вардар од утрово има нов обид да се продолжи со изградба на бесмислената улица, напиша Жерновски на неговиот Фејсбук профил.

„Овластениот градежен инспектор на Општина Центар веќе се упати на лице место, за наодите веднаш ќе ја информираме јавноста.

По веќе добро познатото сценарио, избран е ден недела, пред празник, продолжен викенд, рано наутро, кога сите спијат.

Убеден сум дека сето ова е осмислено и организирано со цел да се дефокусира јавноста од немилите настани и дивеењето на насилниците во Собранието на Република Македонија. Истите луѓе и понатаму посакуваат инциденти и судири.

Во контакт сум со сопствениците на угостителските локали на Кејот, се очекува и нивната реакција“ стои во Фејсбук статусот на градоначалникот на Општина Центар.

Инаку одлуката на Град Скопје низ Кејот да се гради улица до плоштадот, а особено начинот и околностите во кои таа е донесена, упатуваат на опасноста дека Кејот може да биде следната „жртва“, следната урбана отстапка кон интересите на политичките и бизнис елити. Како што пред извесно време напиша „Макфакс“, власта преку уништување на ова парче сака да му овозможи на бизнис- соработникот Александар Ивановски да се стекне со милионска сума која треба да ја наплати од Телеком откако ќе биде отворена улицата.

Која е позадината на овој случај? Кои се интересите на бизнисменот Александар Ивановски, познат како Алек Теранова и неговата компанија „Дивелоп груп“?

Неговата фирма ја градеше зградата која во 2012 година беше разменета за други четири административни згради на Телеком во центарот на Скопје. Според договорот за оваа трампа, зградите на Телеком, со вкупна вредност од 21.15 милиони евра, се менуваат за зградата на Девелоп Груп која е проценета на 37.3 милиони евра. Како сосопственик се јавува ЈП Македонска пошта АД. Во договорот е предвидено разликата во цената од околу 16 милиони евра Телеком да ја отплаќа на шест еднакви рати по 3.176 милиони евра.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Змии врие, а кејот на Вардар како џунгла, висока трева и грмушки – од Град Скопје без одговор кога и дали ќе косат

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Змија на кејот на Вардар во Скопје: Топлото време ги раздвижи змиите

А1он

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“