На камион му снемало сол, заглавен на мраз чека помош од „Македонија пат“, непроодно кон Скопје

Од:

Возила, автобус и камионот задолжен за фрлање сол на улиците во реонот кај скопските села во подрачјето кон с. Говрлево околу 20.30 часот се заглавени на смрзнатата непреодна улица бидејќи камионот останал без сол.

Возачите велат дека таа количина која ја носеле не била доволна и дека се чека помош од „Македонија пат“.

Како што објаснуваат возачите, во однос на надлежностите овој камион испратен од општината Сопиште е задолжен за еден дел од селата и токму од местото каде што почнува удолнината кон с. Горно Соње надлежноста е на претпријатието „Македонија пат“.

Градоначалникот на Сопиште, Стефче Трпковски вели дека ќе најдат решение и улицата ќе биде исчестена.

Минусните температури и ветерот ја смрзнаа улицата кон Скопје и во обратна насока сообраќајот е речиси невозможен.

Би можело да ве интересира

Зимска идила на Попова Шапка со 74 сантиметри снег

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка

Количината на снег во Москва достигна рекорд во последните 72 години

А1он

Забрана за сообраќај на камиони на патот Гостивар – Стража – Кичево поради обилни снежни врнежи

Горан Наумовски

Сообраќајот на патот Кичево-Гостивар е нормализиран

Катерина Ѓуровски