На Јанакиески му е одреден и куќен притвор, покрај највисоката затворска казна во “Титаник”

Од:

На Миле Јанакиески кој доби највисока казна во “Титаник” одреден му е куќен притвор. Одлуката, судијата Осман Шабани ја донесе бидејќи Јанакиевски би можел да избег, според тврдењата на обвинителката Лиле Стефанова.

“Се определува мерка куќен притвор до правосилноста на предудата. Се забранува да го напушта местото каде ќе се спроведува мерката односно домот. Ако не се придржува кон забраната ќе има мерка притвор. Полицијата ќе го проверува без најава. Се имаа во предвид кривичното дело, штетноста, осудуваноста, како и висината на казната. Судот смета дека околностите се доволни. Материјалните прилики дека тој нема редовен работен однос исто така умажува на ова.”, кажа судијата.

Иако одбранта на Јанакиески се противеше на барањето, судот сепак, беше дециден дека мерката ќе му биде одредена.

Претходно, на Јанакиески му беше одредена казна затвор од 4,6 години затвор. Правосилноста на пресудата ќе треба да ја чека дома.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Александар Тодески

Кривичен ја чита пресудата за Јанакиески по свое: Смета дека имало пропусти само во жалбената постапка, не за притворите

Александар Тодески

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

Апелација и изменетиот Кривичен законик го урнаа „Топлик“: Предметот застарува за сите обвинети

Кривичен суд: Во досудената казна затвор на Миле Јанакиески за „Титаник“ веќе е пресметан притворот и куќниот притвор

(ВИДЕО) Јанакиески во „ТНТ“: Ако ме осудите по шести пат нема ништо да се смени, освен што Фијат ќе заработи пари од буџетот

Ландов