На граничните премини Богородица и Табановце се чека околу еден час

Од:

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, освен на ГП Богородица и Табановце каде задржувањето е околу еден час.

Поради асфалтирање, затворени за сообраќај се делницата Велес – Градско од 12 до 22 јули во периодот од осум – 18 часот, а делницата Демир Капија – Давидово од 6 до 20 јули, во периодот од 10 – 16 часот.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во земјава е воведен летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни: петок од 17 – 22 часот, сабота од девет до 18 часот и недела од девет до 22 часот.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали: петок од 15 – 22 часот, сабота од седум до 12 и од 18 до 24 часот и недела од седум до 22 часот.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

На „Богородица“ и „Табановце“ се чека од 20 до 30 минути

На „Богородица“ се чека околу 30 минути

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу еден час за влез во државата

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу 20 минути

Пронајдени десет мигранти во две возила на преминот „Богородица“

Горан Наумовски