На граѓаните кои гледаат ТВ преку кабелски оператори не им треба дигитален приемник

Од:

Пратениците попладнево им поставуваа прашања на министрите поврзани со дигитализацијата, обезбедување на железничките премини во Велес, за патишта во Липковско кон границата…

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски одговарајќи на прашање на пратеникот Антонио Милошоски, рече дека граѓаните не мора да склучуваат договор со операторот ОНЕ поради дигитализацијата и оти сите оние кои гледаат телевизија преку кабелски оператори нема потреба да купуваат дигитален приемник или сет-ап-бокс.

– Сите граѓани кои немаат склучено договор со кој било кабелски оператор и не поседуваат модерен телевизор со рамен екран со вграден ДВБТ- приклучок со кој ќе можат да ги гледаат бесплатно сите национални телевизии и сите локални телевизии кои прераснале во регионални телевизии во нивното подрачје, само со користење на собна антена или друга антена која ќе ја постават во својот дом, изјави Ивановски.

Доколку граѓаните имаат посовремени телевизори, а не се приклучени на кабловска телевизија ќе можат да ја следат програмата на националните телевизии.

Во Република Македонија 31 телевизија доби доволи за да бидат дигитално емитувани петте национални ТВ, шест скопски ТВ и останатите се од осумте други региони во земјата. Додека останатите локални телевизии добија дозволи да бидат пренесувани преку кабловски оператор.
Дигитализацијата стартува на 1 јуни односно во сабота.

Пратеникот Илија Димовски апелираше до министерството за транспорт и врски во врска со безбезедноста на железничките премини во Велес, од каде што тој потекнува, како и за проблемите со автобускиот превоз што го имаат велешани кои работат во Скопје. Димовски исто така рече дека од вицепремиерот задолжен за Рамковниот договор Муса Џафери не добил информација за застапеноста на македонската етничка заедница во општините каде што се малцинство.

– Македонски железници Инфраструктура, според информациите со кои располагам, ова јавно претпријатие ќе ги подобри условите во сите железнички станици и на сите железнички премини, изјави заменик-министерот Џелал Бајрами.

Бајрами одговарајќи на прашање Реџаил Исмаили за патниот правец од Лојане кон границата, што е услов за отворање на граничен премин, рече дека патот е тампониран и работите се прекинати поради тоа што договорната компанија имала финансиски проблеми.

– Овој патен правец успеавме да го ставиме во владината програма од 2013 – 2015 година. Се работи за краток патен правец, но многу важен за граѓаните на Липково односно Лојане, за да патуваат до Мујатовце, Прешево. Надминати се финансиските проблеми на компанијата и тие се обврзаа дека во јуни ќе отпочнат околу асфалтирањето на патниот правец, изјави заменик-министерот за транспорт и врски Бајрами.

Во однос на патниот правец Опаје – Белановце, тој рече дека исто така е дел од владината програма. Важен е патниот правец поради тоа што ќе се отвори граничен премин за Косово и за 40 километри ќе се скрати патувањето до таму.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Неопходно е дигитално описменување и создавање на информирани и дигитално одговорни граѓани

А1он

Дигитализирани дела од композиторот Љубомир Бранѓолица

Шаќири: Македонија лидер во регионот во процесот на дигитализација

А1он

Николовски: Владата ги усвои измените на шестте клучни закони за спроведување на процесот на дигитализација

А1он

Нанев: Ќе бидат креирани електронски досиеја со факти за предметите

Жарко Настоски

Конференција „Дигитализација 2019“

Ана Ололовска