На ГП „Табановце“ се чека половина час

Од:

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е умерен.

dobivaj vesti na viber

Поради зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози.

Од 18.08.2022 до 12.09.2022 на патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица поради изведување градежни работи (асфалтирање) сообраќајот е во прекин помеѓу 09:00 и 15:30 часот. Работите се изведуваат само во работни денови.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

На граничниот премин „Табановце” се чека еден час

На граничниот премин „Табановце” за излез се чека еден час

На ГП „Табановце” се чека половина час

На Табановце за влез во државата се чека околу 30 минути

На „Табановце“ се чека околу еден час

Горан Наумовски

На „Табановце” се чека околу 40 минути, на „Богородица” половина час

Горан Наумовски