На Гаши не му пречи Ковачевски да е мандатар, не кажува кои ресори ќе ги земат од СДСМ

Од:

За нас е битно да се договориме кој е концептот, а не да ги принудуваме политичките партии на решенија, вели Африм Гаши, лидерот на Алтернатива за нивниот влез во Владата. Прашан дали ќе го бараат Министерството за здравство како ресор, тој кажа дека нема да се разговара за тоа на средбата со премиерот Зоран Заев туку само за концептот.

„Ние сме кажале дека тоа е интерес на сите граѓани, да нема брзи избори. Нормално за такво нешто нема гаранција, бидејќи секогаш можат да се соберат 61 пратеник и да одлучат да се распушти Собранието. Сакаме Влада која до 2024 година ќе ги отвори преговорите со ЕУ и ќе направи напредок или да бидеме членка на ЕУ или да бидеме при крај“, кажа Гаши.

За тоа, дали Димитар Ковачевски е прифатливо име за премиер на државата, Гаши вели: „Не е одговорно ние да бараме од друга партија кој ќе биде мандатар или премиер. Тоа е работа на СДСМ и тие треба да одлучат за тоа“.

Би можело да ве интересира

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

Гаши: Алтернатива излегува од владината коалиција и ќе делува како опозиција

Горан Наумовски

Африм Гаши ќе оди кај Рама да ја решава политичката корупција во Македонија

Орце Костов

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?